| |  
 
 

 

Прашања & Одговори

Поделени по категории

Ова се најчесто поставуваните прашања и одговори.


 
Наплата

Која е минималната вредност на нарачката?

Вашата нарачка мора да биде поголема од 500.00 МКД.

Дали има доплата за испораката?

Да. Во моментот е 80.00 МКД (со вклучен ДДВ) доплата за испорака по нарачка.

Кои методи на плаќање ги прифаќате?

Плаќање преку интернет:

Прифаќаме плаќање со следниве кредитни картички: Diners, MasterCard, Maestro, VISA.

За успешно купување потребно е да го одберете типот на кредитна картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на кредитна картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на кредитната картичка. Во полето „ Број на кредитна картичка„ да се впише бројот на кредитната картичка кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на кредитната картичка.

Плаќање при испорака:

- кредитни картички (MasterCard, Maestro, VISA)
- во готово

Плаќање со фактура

- за правни лица

Доколку плаќате се кредитна картичка при испораката, нашиот доставувач ќе дојде со GSM уред за авторизација на кредитни картички и ќе ја изврши наплатата на лице место.
За плаќање во готово истотака наплатата се врши на местото на испораката.


 
Плаќање на каса

Мојата кредитна картичка не функционира?

1. Ќе треба да ја контактирате вашата банка за да проверите дека нема проблеми со вашата кредитна/дебитна картичка. Банките го вршат процесот на верификација во наше име.

2. Дали можеби вашата картичка истекува на крајот на месецот? Доколку е така таквата картичка нема да се верификува на нашиот сајт бидејќи ќе истече пред да биде извршена наплатата, а Вашата нова картичка нема да може да биде верификувана со оглед дека нема да биде активирана до моментот додека вашата стара картичка не истече.

Дали можам да користам картичка која не е на мое име?

Можете да употребите алтернативна картичка доколку имате согласност од сопственикот на картичката да го сторите тоа.

Како да платам на каса за мојата нарачка?

Едноставно кликнете на копчето "Кон каса" кое се наоѓа горе во вашата кошничка откако ќе го исполните минималниот износ за нарачка.
Ви претстојат уште 5 брзи чекори до потврда на нарачката.

 
Испорака

Што ќе се случи доколку ја пропуштам испораката?

Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот возач ќе се обиде да ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате штое можно побрзо на телефон во Конаткт центарот или на телефонот наведен на картичката.
Забелешка:Не може да Ви гарантираме дека возачот ќе може да ви ги испорача производите истиот ден.

Дали можам да го резервирам терминот за испорака пред да ја извршам нарачката?

Да, Ви препорачуваме да го сторите тоа и пред да ја извршите нарачката, со кликање на копчето "Термин за испорака" кое се наоѓа над вашата кошничка.

Како да ја изменам/откажам мојата нарачка?

1. Кликнете на Мој Профил
2. Во делот на НАРАЧКИ кликнете на Претходни Нарачки
3. Кликнете на ИЗМЕНИ или ОТКАЖИ– нарачката ќе се појави во Вашата кошничка
4. Направете ги посакуваните измени и довршете ја нарачката доколку сакате да ја измените или Не превземајте никакви дополнителни акции доколку сакате да биде откажана нарачката

Забелешка: Нарачката не може да биде изменете или откажана 3 часа пред испорака на истата или ако е платена со кредтна картичка преку интернет!

Како да го резервирам терминот за испорака ?

1. Кликнете на линкот „Термин за испорака „што се наоѓа над вашата кошничка. Ќе Ви бидат прикажани можните термини за испорака до 6 дена однапред
2. При одењето на „Кон каса„ автоматски ќе бидете наведени да резервирате термин за испорака доколку тоа веќе го немате сторено.

 
Нарачки

Дали можам да нарачам по телефон?

Не. Сервисот на Doma.com.mk функционира исклучиво преку интернет.

Каде можам да ги најдам деталите за мојата нарачка?

Информации за Вашите нарачки се наоѓаат во линкот МОЈ ПРОФИЛ и потоа во линкот ПРЕТХОДНИ НАРАЧКИ.

Како знам дека нарачката ми е правилно направена?

На крајот на Вашиот процес на купување ќе ви биде прикажана страна која ќе бара од вас да ја потврдите нарачката.Истотака ќе добиете и електронска пошта (e-mail) od Doma.com.mk во која ќе ги добиете сите детали од нарачката и потврда на истата.

Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат потврдата на нивната нарачка преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

Како повторно да нарачам користејќи ги претходните нарачки?

1. Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ
2. Кликнете на ПРЕТХОДНИ НАРАЧКИ
3. Кликнете на НАПРАВИ ИСТА – нарачката ќе се појави во вашата кошничка (претходно можете да проврите кои производи ги имате во таа нарачка кликнувајќи на ЛИСТАЈ АРТИКЛИ)
4. Можете или да ја нарачате истата нарачка или да додадете или исфрлите определени производи

Кога е последниот момент до кога можам да направам измени на мојата нарачка?

Вие можете да правите измени и откажувања на вашите нарачки во било кое време 3 часа пред почетокот на вашиот термин за испорака. После тоа време ќе ви биде оневозможено да го сторите тоа.

Доколку имате дополнителни прашања во врска со ова , можете да не контактирате.

Како да нарачам со помош на МОИ ОМИЛЕНИ артикли?

Кога сте најавени, при листањето на артиклите по категории, се појавува симболот Додај Омилени.
Со кликнување на него вие го додавате соодветниот производ во вашата листа на омилени производи.
Листата на омилени прозиводи можете да ја отворите на линкот МОИ ОМИЛЕНИ (веднаш до МОЈ ПРОФИЛ).
Од неа можете да додавате производи во вашата кошничка.
Во случај да сакате да отстранете некој артикал кликнете на симболот Бриши Омилени.

Забелешка: Доколку одреден артикал не е моментално на лагер нема да се појави и во листата ОМИЛЕНИ ПРОИЗВОДИ!

 
Лични податоци

Како да ги ажурирам своите податоци?

1. Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ
2. Кликнете на СМЕНИ во полето со лични податоци
3. Направете ги измените во дадените рубрики
4. Кликнете на СНИМИ. (вашите податоци се ажурирани)

Дали можам да ја добијам своја нарачка испорачана на друга адреса?

Адресата наведена во Вашиот Профил се смета дека е адреса на која сакате да ви се испорачуваат нашите производи на трајна основа и тоа е адресата за која потврдуваме дека е во границите во кои нашиот сервис функционира. Доколку сакате да ја измените адресата тоа може да го направите преку измена на рубриката за адреса во Личните податоци, при што повторно ќе треба да ја верифицираме новата адреса за испорака.

Доколку сакате производите да ви бидат испорачани на друга адреса , но само во посебни случаи(подарок или привремена промена на адреса) тоа ќе Ви биде овозможено само доколку платите со кредитна картичка преку интернет.

Како да ги изменам податоците за испорака?

1. Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ
2. Кликнете на СМЕНИ во полето со лични податоци
3. Направете ја измената во рубриката за АДРЕСА

Ве молиме да ја смените адресата пред да ја комплетирате нарачката , во спротивно Вашата нарачка ќе биде испорачана на старата адреса.

Како да знам дали испорачувате во мојата област?

При Вашата регистрација како нов корисник, ќе бидете замолени да одберете од листата на реони во кои се наоѓа вашата адреса. Во моментов испораката ја вршиме само во границите на градот Скопје.и тоа во реоните кои се дадени како можност при Вашата регистрација. Реоните се дадени во кобинација со општините во кои припаѓаат.

Што доколку ја заборавам својата лозинка?

1. Кликнете на НАЈАВИ СЕ
2. Во рубриката ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА внесете го Вашиот e-mail
3. Кликнете на линкот ПРАТЕТЕ МИ ЈА ЛОЗИНКАТА . Вашата лозинка ќе ја добиете во кратко време на вашиот e-mail

Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат лозинката преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

Што доколку сакам да ја сменам својата лозинка?

1. Пријавете се на doma.com.mk со старата лозинка
2. Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ
3. Во полето ЛОЗИНКА кликнете на СМЕНИ ЈА ЛОЗИНКАТА
4. Пополнете ги полињата со стара лозинка, нова лозинка,и повторете ја новата лозинка
5. Кликнете на СМЕНИ

 
Производи

Како да ги најдам производите?

По Категорија

Производите се подредени во категории кои може да ги разгледате едноставно со кликање на нив и следењето на линковите кои се појавуваат. На почетната страна имате прикажано графичка демонстрација за тоа како да купувате од doma.com.mk користеjќи ги категориите.

Користење на опцијата БАРАЈ за поединечни производи

Корисна и брза алтернатива преставува опцијата БАРАЈ. Во полето БАРАЈ кое се наоѓа во горниот десен агол , едноставно внесете го името на производот или брендот на латиница. Постои можност да ја искористите и кирилицата за да добиете листа на категории во кои се наоѓа зборот што сте го внеле и производи во кои постои тој збор на кирилица.

Користење на претходните нарачки

Доколку веќе сте купувале преку doma.com.mk можете да ги видите производите кои се дел од вашите нарачки во ЛИСТАЈ АРТИКЛИ .

Користење на рекламните линкови

На нашите страни се наоѓаат рекламни линкови на производители и компании чии производи се дел од нашата понуда. Со едноставно кликнување на рекламните линкови ќе ги добиете производите од тие производители и компании.

Како да ги најдам специјалните понуди и промоции?

Вие ќе имате пристап до многу од специјалните понуди , акции и намалени цени што ќе бидат понудени од страна на СП Маркет и Макси –Д. Ќе можете да ги пронајдете на неколку места:

- До самиот производ во кој јасно се гледа нашиот знак за посебна понуда или намалена цена.
- Во категоријата НАМАЛЕНИ ЦЕНИ
- Во категоријата ПОНУДА +

Како да додадам производи во својата кошничка?

Секогаш кога ќе видете линк „ДОДАЈ„ можете да кликнете на него и производот што сте го одбрале го уфрлате во Вашата кошничка. Со повторно кликање на „ДОДАЈ„ уфрлате +1 производ во кошничката.

За да ја промените количината од определениот производ, можете да ги користите знаците "+" и "-"(плус и минус) во вашата кошничка.

Како да исфрлам нешто од кошничката?

Постојат неколку начини да се стори тоа. Доколку сакате да намалите од бројот или количината од производите кликнете на знакот минус (-). Доколку сакате производот може и целосно да го исфрлите од кошничката стискајќи на БРИШИ. Кога сакате да ја испразните кошничката од сите производи, кликнете на линкот ИСПРАЗНИ ЈА КОШНИЧКАТА што се наоѓа доле под кошничката.

Што означуваат различните симболи на производите?

Голем дел од нашите производи имаат слики. Се обидуваме поголемиот дел од производите да добијат целосен опис, цена по тежина или парче. Во исто време употребуваме некои пригодни симболи за да ви помогнат при купувањето.

-   Погодно за подготовка во микробранова печка
-   Вегетаријанска храна
-   Органска храна
-   Производот се испорачува замрзнат
-   Производот има краток рок на траење
-   Тежината на испорачаниот производот може малку да варира

Што се тоа заменски производи?

Се трудиме секогаш да ви ги испорачаме производите што сте ги одбрале. Доколку од било која причина не сме во можност да ви доставиме некој производ, ќе Ви понудиме адекватна алтернатива доколку има. Ова ќе ви биде соопштено при испораката. Доколку не сте задоволни со замената,вратете го производот на нашиот доставувач и вашата сметка ќе биде намалена за износот на заменскиот производ. Доколку постојат уште производи кои сакате да ги вратите откако нашиот доставувач замине, контактиракте не на contact@doma.com.mk

Како да го вратам производот со кој не сум задоволен?

Кога ќе престигне нашиот добавувач тој ќе ја помине листата на нарачани производи заедно со вас. Доколку не сте задоволни со некој од производите кои Ви се доставуваат, вратете го производот назад и веднаш ќе ви се премета сметката со намалена вредност за вратениот производ. Доколку сакате да вратите уште некој производ откако нашиот доставувач замине, Ве молиме контактирајте не на contact@doma.com.mk.

Што со замрзнатите и производи што се чуваат на ладно?

Ние посебно се грижиме за вашите нарачани производи што се ладни или замрзнати. Транспортот на ваквите производи го вршиме во специјални термички корпи кои совршено ја одржуваат температурата на вашите нарачани производи.

Зошто е дадена ориентациона цена на некои производи? Зошто понекогаш вкупната цена на нарачката при испорака се разликува од цената при потврда на нарачката на интернет страната ?Што се тоа производи на мера?

Определини производи (оние што мора да се измерат до кои стои знакот  ) се со цени спрема точната тежина со која ви се испорачуваат. Нашата интернет страна ги прикажува овие производи по килограм, со минимум и максимум тежина и со ориентациона цена (цена по производ со средна тежина) Ова значи дека цената на производот кој ќе ви биде испорачан може да биде малку различна од ориентационата цената која е прикажана во време на вашата нарачка. Следствено цената на тоталот на Вашата кошничка потврдена од Вас и добиена на e-mail може малку да се разликува доколку во кошничката имате купено од горенаведените производи.

Дали е цената на нарачаните производи преку doma.com.mk загарантирана?

Не.Во мал број на случаи, како резултат на промена на цената на производите од страна на нашите добавувачи може да постои разлика во цената во времето на правење на нарачката од Ваша страна и времето кога нарачката Ви е доставена. Ова може почесто да се случува кога нарачувате за поголем број денови однапред во кој период се можни разни промени на цените на нашите производи. Цената на производите што ќе Ви бидат испорачани е валидната цена на денот на испораката, а не на денот на правење на нарачката. Се разбира,во некои случаи цената ќе биде и пониска од онаа што сте ја нарачале.

 
Сигурност

Дали е безбедно да ги дадам моите податоци при плаќање?

Можете да бидете спокојни и уверени дека приватноста и заштита на вашите податоци кога купувате од doma.com.mk се наш приоритет. Секој од вашите приватни податоци,лозинки платежни детали се осигурани со 128 bit SSL енкрипција.

Што се случува со моите лични податоци?

Секој податок што ќе ни го дадете ќе го чуваме со најголема грижа и нема да биде искористен на начин на кој не сте се согласиле.

 
Технички прашања

Добивам порака "Грешка: Не постои таков корисник" кога се обидувам да се најавам на doma.com.mk?

Најверојатно користите погрешна лозинка или грешите при впишување на вашата e-mail адреса . Доколку сте ја заборавиле лозинката можете да побарате да Ви ја препратиме старата лозинка.Старата лозинка можете да ја замените за нова доколку сметате дека е потребно.

Добивам порака "Page cannot be displayed"

Кога се случува ова ќе треба да проверите дали имате коректни SSL сетинзи. За да го направите тоа на Internet Explorer на Windows кликнете на tools од Вашиот web browser, селектирајте internet options и потоа кликнете на копчето advanced.Од податоците кои Ви се прикажани проверете дали SSL опциите се селектирани.

Се најавувам на Doma.com.mk, но кога се обидувам да купам производи повторно ме прашува да се најавам?

Кога се случува ова ќе треба да проверите дали Ви е cookie коректно сетиран во Вашиот web browser. Да го проверите ова на Internet Explorer на Windows кликнете на Tools од Вашиот web browser, селектирајте internet options, кликнете на копчето privacy и проверете дали е сетингот medium.

Добивам повеќе од количината која ја нарачав во кошничката?

Кликнување на копчето BACK од Вашата тастатура може да предизвика повторување на последната операција што сте ја извеле кај некои browser-и.Доколку вашата последна операција била ДОДАЈ, тогаш го зголемувате бројот на артикли во кошничката. Обидете се да ја користете навигацијата определена на самата интернет страница.

Кои интернет пребарувачи се компатибилни со doma.com.mk?

Страната doma.com.mk е оптимизирана да изгледа најдобро со најновите интернет пребарувачи кои се на располагање. Сепак страната може да биде пристапена и од постарите пребарувачи (имајте на ум дека изгледот на страната може да биде со полош квалитет!)

 
 
Услови и правила | Контакт | Помош | Политика за приватност   doma.com.mk 2006 © webmaster